Црна Гора е меѓу земјите кои немаат високи цени на пивото и го зазеде седмото место на рангирањето на цените на пивото во Европа, објавено од британски „Дејли пост“.
Loading...
Црна Гора е на седмото место на листата на најевтини земји за купување половина литар пиво во Европа.
Според овие податоци, цената на половина литар пиво во Црна Гора е 1,63 евра.
Молдавија е на прво место, таму, на пример, цената на половина литар пиво е 1,23 евра.
На последното место, а со тоа и најскапа е Норвешка, каде половина литар пиво чини дури 9,18 евра.
За Лихтенштајн, Монако, Луксембург, Малта, Ватикан, Сан Марино и Македонија нема податоци.