Каде се наоѓаат најмногу вируси и бактерии на аеродромите?
On:
Сподели со своите пријатели
Можеби ги мразите безбедосните провреки на аеродромите поради долгите редови и многу луѓе, но новата студија открила друга причина поради која би требало да се згрозите од оваа процедура.
Според едно истражување спроведено на аеродромот во Хелсинки, од сите места најмногу бактерии и вируси пронашле во пластичните кутии кои се користат за одложување на работите кои минуваат низ рендген во текот на безбедносните проверки.
Во тие кутии има многу повеќе патогени организми од кои човекот може да се разболи, отколку во тоалетот.
Студијата, коај ја објавило списанието „BioMed Central Infectious Diseases“, споредува примероци преземени од различни површини во три различни времиња во сезонат ана грипот 2015-2016 година на финскиот аеродром.
Тогаш е откриено дека вирусот помалку го имало во тоалетите отколку во кутиите.
Не одат сите во аеродромскито толает, но сит емора да минат безбедносна проверка. Површините се тестирани на А и Б вирусни групи, корона вируси, аденовируси и риновируси кои предизвикуваат симптоми слични на прелада.
Студијата открила дека тие кутии, со оглед дека постојано се во употреба, претставуваат најголем ризик од зараза затоа што ги допираат скоро сите патници.
Ако сте загрижени поради хигиената, секогаш треба да имате со себе влажни марамици или антибактериски гел за чие користење не е потребна вода. На тој начин едноставно и брзо ги дезинфицирате рацете и предметите.