Каде се наоѓа најдобриот ресторан во светот? (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Парискиот ресторан „Guy Savoy“ втора година по ред се наоѓа на врвот на листата Илјада најдобри ресторани во светот.

Листата е составена врз основа на водичот и гастрономските критики, а „Guy Savoy“ добил 99,75 од максималните 100 поени.

Следат „Le Bernardin“ од Њујорк „Kyubey” од Токиот кои добиле 99,50 поени, а потоа следува „Alain Ducasse“ исто така од Париз, па „Eleven Madison Park” во Њујорк со 99,25 поени.

https://www.instagram.com/p/BVPoDAkh5FX/

Јапонија има нјмногу ресторани на оваа листа, дури 134, но и Кина – 123. Потоа следуваат Франција со 118 и САД со 88 ресторани.

– Во Азија има многу повеќе ресторани отколку во Европа, па е логично тоа да се одрази на листата, рекол Јер Циприк, еден од задолжените за собирањето на податоците.

https://www.instagram.com/p/BaHJ7hZHpQ1/

Оваа листа прв пат е направена во 2015 година и како непристрасна и објективна и како одговор на француското Министерство за надворешни работи на вилјателната, но контроверзна британска листа 50 најдобри ресторани во светот.

Составувањето на листата нема финансиска помош од државите, а нејзиниот алгоритам вклучува податоци ок околу 550 извори, вклучувајќи ги туристичките водичи, гастрономските критики во големи листови, специјализирани списанија и сајтовите како TripAdvisor, La Fourchette и јапонскиот Tabelog.

https://www.instagram.com/p/BW-iRPPBgo0/