Каде се крие Зеленски од гранатите на Путин?

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски живее и работи во бетонски блок од згради, опкружен со непробојни безбедносни прстени.

Loading...

Заштитено е како во бункер, пишува репортер од лондонски Тајмс кој добил пристап до Банкова, комплекс на владини згради во Киев.

Внатре е темно, прозорците се покриени со дебели завеси како заштита од воздушни напади или снајперисти, пишува британскиот весник.

Однадвор, прозорците и вратите се заштитени со вреќи со песок, наредени се и на монументалното внатрешно скалило.

Контролни пунктови со вооружени војници се наоѓаат на секоја улица околу комплексот, од пешаците се бара тајна лозинка, која секојдневно се менува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски по рускиот напад на Киев: Путин не се подготвува за мир

Обично тоа е некоја глупост, која на Русите би им било тешко да ја изговорат.

Врвна тајна

Од почетокот на војната, според Тајмс, направени се многу обиди за атентат на Зеленски.

Шефот на Советот за национална безбедност на Украина, Олексеј Данилов еднаш изјави дека за само една недела имало три обиди за атентат, пренесува Јутарњи лист.

Loading...

Првите два месеци од почетокот на руската инвазија, Зеленски живеел во подземен бункер, во засолниште.

Една година подоцна, во затемнетиот, силно утврден владин комплекс, никој не обрнува внимание кога ќе ги слушне сирените кои предупредуваат за опасност.

Бункерот е користен само еднаш во изминатите неколку месеци – летово откако добија разузнавачки информации дека Русите планираат напад врз седиштето на владата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите тврдат дека Украинците преместуваат групи чешки и канадски платеници во Курск

Веднаш штом Русија нападна на 24 февруари минатата година, Зеленски прогласи вонредна состојба.

Водечките офицери веднаш биле повикани во подземниот бункер, со наредба да останат таму до понатамошно известување.

„Не го гледате сонцето, не знаете колку е часот“, се жали еден од интервјуираните на Тајмс.

Планот бил да се остане под земја една недела. Тоа се претворило во два месеци.

Оние кои биле поканети да живеат со претседателот во подземниот бункер морале да потпишат дека никому нема да откријат ниту еден детал.

Loading...

Додека Русите се повлекуваа од Киев, Зеленски излезе од подземјето, но со месеци владините состаноци се одржуваа под земја, на метро станицата Маида, каде што рок групата У2 минатата година одржа концерт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руската војска изврши ракетен напад врз Киев