Најскапото гориво го плаќаат граѓаните на Исланд, каде што литар бензин од 95 октани чини дури 2,097 евра.
Следат Данска (1,941 евра) и Холандија (1,904 евра), додека цените се високи и во Швајцарија, Албанија и Грција.
Во средината на рангирањето се земји како Германија (1,642 евра), Франција (1,677 евра) и Италија (1,705 евра).
Босна и Херцеговина е на самото дно на табелата, односно меѓу земјите со најевтино гориво, со цена од 1,201 евра за литар. Македонија не е на листата, но веројатно би се нашла исто така на дното на табелата, со оглед дека 95 откани се продава за 1,22 евра.
Со цена од 1,482 евра за литар, Хрватска е на самиот европски просек, и само малку поскапа од Словенија (1,443 евра) и Црна Гора (1,430 евра).
Најниски цени на горивата се регистрирани во Русија (0,672 евра) и Белорусија (0,666 евра), додека најповолни меѓу членките на ЕУ се Бугарија (1,218 евра) и Полска (1,376 евра).