Каде да се обратите во Куманово во случај на симптоми од коронавирус?

Сподели со своите пријатели

На телефонски броеви во Институтот за јавно здравје и во центрите за јавно здравје во државата можат да се пријават сомнителните случаи со симптоми налик на коронавирус по пристигнување во територијата на Македонија, објави Министерството за здравство.

Loading...

Доколку сте во Куманово, или влегувате преку граничниот премин Табановце, треба да се јавите на телефонскиот број 070/215-851.

Тестирањата на првите три сомнителни случаи во земјава се покажаа како негативни и официјално според Министерството за здравство, Македонија нема заболени од коронавирусот со име Ковид-19.

Влегувањето во земјата од кризните подрачја е ограничен само преку аеродромите во Скопје и Охрид и граничните премини Ќафасан, Табановце, Блаце, Богородица и Деве Баир.

Никола Ивановски

Leave a Reply