Кац: Израелскиот одговор на нападите на Хутите ќе биде од библиски размери

Сподели со своите пријатели

Министерот за одбрана Израел Кац предупреди на одговор од „библиски размери“ откако јеменските бунтовници Хути испукаа три балистички ракети кон Израел во рок од 24 часа.

„Хутите повторно испукаат ракети кон Израел. Чума на темнината, чума (на смртта) на првороденото, ќе ги направиме сите 10 чуми“, објави Кац на мрежата X, според „Тајмс оф Израел“.

Израелската војска (ИДФ) соопшти дека две од ракетите биле пресретнати, третата паднала надвор од Израел и дека нема повредени, но дека една од ракетите имала боева глава од касетна бомба.

Loading...