Loading...
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, објави дека израелската армија „моментално напаѓа режимски цели и владини репресивни органи во срцето на Техеран со невидена сила“.
„За секоја ракета испукана кон задниот фронт на Израел, иранскиот диктатор ќе биде строго казнет, а нападите ќе продолжат со полн интензитет. Ќе продолжиме да дејствуваме за да го браниме домашниот фронт и да го поразиме непријателот сè додека не се постигнат сите воени цели“, додаде Кац во соопштението издадено од неговата канцеларија, објавува „Тајмс оф Израел“.
Тој најави дека наскоро ќе бидат објавени „фотографии што го илустрираат обемот на штетата“ од израелскиот напад, објавува „Танјуг“.