Кабул: Нема ни трага ни глас од Мина и Масед откако мајка им загина во експлозија

Сподели со своите пријатели

Еден ден по серијата експлозии во Кабул, се пребројуваат жртвите. Загинаа повеќе од 90 луѓе, 150 се повредени, а многумина исчезнаа. Интензивно се бараат и деца.

Loading...

Авганистанскиот новинар Билал Салвари на својот профил на социјалните мрежи сподели слики од две деца што семејството ги бара по хаосот во главниот град на Авганистан.

Мина и Масед исчезнаа откако нивната мајка беше убиена во една од експлозиите.

Несреќното семејство ги бара децата, а новинарот ги замолува сите што имаат некакви информации да се јават кај надлежните или лично да го контактираат.

Се сомнева дека ова не се единствените деца кои се разделени од своите најблиски по трагедијата на аеродромот во Кабул.

 

 

Loading...