Јужна Кореја: Стотици евакуирани поради голем пожар

Сподели со своите пријатели

Стотици луѓе се евакуирани поради големиот пожар што денеска зафати делови од јужнокорејскиот крајбрежен град Гангнеунг на истокот на земјата.

Loading...

Најмалку 44 куќи се уништени во пожарот, а повеќе од 300 луѓе се евакуирани, соопшти Министерството за одбрана и безбедност на Јужна Кореја.

На терен се повеќе од 300 противпожарни возила и 700 пожарникари кои се обидуваат да го изгаснат пожарот, се додава во соопштението на Министерството за одбрана и безбедност, пренесува АП.

Засега нема информации за загинати и ранети.

Пожарникарите се попречени од силните ветрови кои не дозволуваат пожарот да се изгасне од авион.

Шумскиот пожар започнал на блиската планина и брзо се проширил кон градот. Пожарот досега изгоре повеќе од 170 хектари земја, јавува Ројтерс.

 

Loading...