Околу 20 тела се пронајдени откако избувна пожар во фабрика за батерии во Јужна Кореја, објави новинската агенција Јонхап.
Loading...
Пожар избувна во фабрика за литиумски батерии во Хвасонг, јужно од главниот град Сеул, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесува Ројтерс.
„Пожарот започна откако серија батерии експлодираа во магацин со околу 35.000 единици“, изјави Ким Џин-Јонг, локален претставник на противпожарната служба.
Новинската агенција Јонхап објави дека се пронајдени околу 20 тела, но Ким за време на телевизискиот брифинг објави дека девет лица загинале, четворица се повредени, а двајца се во критична состојба.