Јужна Кореја планира да вакцинира 80 проценти од населението

Сподели со своите пријатели

Јужна Кореја планира да вакцинира 80 проценти од своето население против Ковид-19 до ноември следната година и на тој начин да стекне колективен имунитет.

Loading...

– Вакцините за 44 милиони луѓе се доволни за повеќе од 80 проценти од нашето население. Можеме да постигнеме имунитет на стадо, изјави денеска Им Ин-Таек од Министерството за здравство.

Како што пренесува Си-Ен-Ен, Им вели дека јужнокорејското Министерство за храна и безбедност на лекови ќе ја одобри вакцината на „Модерна“, без оглед на одлуката на американската ФДА.

Министерството минатата недела соопшти дека земјата ќе воведе вакцини за 44 милиони луѓе од неколку производители, вклучувајќи ги „АстраЗенека“, „Фајзер“, „Јансен“ и „Модерна“.

Пандорка Арсовска-Гацова

Leave a Reply