Јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин денеска изјави дека земјата одобрила 10 милиони долари итна хуманитарна помош за украинскиот народ и бегалците.
Loading...
Според соопштението на Претседателската сина куќа, хуманитарната помош ќе вклучува медицински материјали за украинскиот народ и бегалците, пренесува Ројтерс.
Се додава дека во телефонски разговор со Мун, украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал сета достапна поддршка за надминување на кризата.