Јужна Кореја истрела неколку проектили како одговор на таквиот потег на Северна Кореја.
Јужнокорејската војска, исто така, изјави дека е подготвена, доколку е потребно, прецизно да ја таргетира областа од која Северна Кореја истрела балистички ракети, пишува Sky News.
Северна Кореја тестираше интерконтинентална балистичка ракета – прва од 2017та година
Да потсетиме, Северна Кореја денеска истрела можна интерконтинентална балистичка ракета (ICBM), што би било прво такво лансирање во целиот опсег на најголемите ракети од 2017 година.
Северна Кореја денеска истрела можна балистичка ракета во водите источно од Корејскиот полуостров, соопшти кабинетот на јапонскиот премиер.
Јужна Кореја исто така го пријави лансирањето, велејќи дека сè уште се обидува да утврди колку точно проектили биле лансирани.
Јапонските власти наведуваат дека проектилот паднал на 170 километри од границата, пишува Франс прес.
Поради војната во Украина, мандатот на Столтенберг ќе биде продолжен за една година
Таа нема тестирано вакви ракети од 2017 година.
Јужнокорејскиот началник на здружените сили изјави дека е откриено лансирање на „неидентификувана ракета“ од Северна Кореја. Тој рече дека се смета за проектил со долг дострел, можеби интерконтинентална балистичка ракета (ICBM), објави Јонхап.
Јужна Кореја свика состанок на Советот за национална безбедност за севернокорејското прашање во врска со последното лансирање. Јужнокорејското Министерство за одбрана не можеше веднаш да потврди дали се работи за ICBM. Северна Кореја нема тестирано вакви ракети од 2017 година.