Бројот на дневни случаи на „Ковид-19“ во Јужна Кореја надмина 40.000 за прв пат во два месеци, а властите предупредија на потенцијално петкратно зголемување во наредните месеци.
Премиерот Хан Дук Со на состанокот на владиниот тим за одговор на Ковид-19 рече дека бројот на дневни инфекции од средината на август до крајот на септември може да достигне 200.000.
Тој се повика на податоците од јужнокорејскиот центар за контрола и превенција на болести.
Денешната бројка од 40.266 заразени лица е за осум отсто поголема од вчера и е најголема од 11 мај.
Јужна Кореја имаше 200.000 инфекции дневно во април.
Хан рече дека луѓето над 50 години и оние со хронични заболувања имаат право да добијат втора дополнителна доза од вакцината.
Досега таа граница беше за лица над 60 години. Само 32 отсто од населението во земјата ја примиле четвртата доза.
Јужна Кореја ги укина повеќето ограничувања поврзани со пандемијата во мај.