Јужна Кореја извлече од морето остатоци од севернокорејски шпионски сателит

Сподели со своите пријатели

Јужнокорејската војска денеска соопшти дека извлекла остатоци од севернокорејски шпионски сателит од морето и дека нема капацитет за воена употреба.

Loading...

Минатиот месец војската пронашла делови од ракета користена при неуспешното лансирање на Северна Кореја на нејзиниот прв воен сателит, при што носачот и товарот се урнале во морето набргу по полетувањето, објави Ројтерс.

„По детална анализа на главните делови на лансираниот севернокорејски сателит, јужнокорејски и американски експерти оценија дека тие воопшто немаат воена употреба како сателит за извидување“, се наведува во военото соопштение од Сеул.

Јужнокорејската војска прецизираше дека во средата ги завршила операциите за извлекување на сателитот, кои започнале веднаш по падот на западниот брег на Јужна Кореја на 31 мај, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес го погоди Лос Анџелес по Оскарите