Министрите за одбрана на Јужна Кореја и на САД денеска ги осудија подготовките на Северна Кореја за нуклеарна проба, предупредувајќи дека тестот и другите ракетни лансирања го загрозуваат мирот и безбедноста на Корејскиот полуостров и меѓународната заедница.
Loading...
Јужна Кореја и САД планираат да го прошират опсегот на заедничките воени вежби со цел да се одржи заедничката стратегија за одвраќање, се наведува во соопштението на јужнокорејското Министерство за одбрана, пренесува Ројтерс.
Министерот за одбрана Ли Џонг-суп и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска се сретнаа во рамките на Азискиот безбедносен самит во Сингапур.