Јужна Кореја и САД ги запираат воените вежби за време на Олимпијадата

Сподели со своите пријатели

Доналд Трамп изјавил дека нема да има воени вежби помеѓу САД и Јужна Кореја за време на одржувањето на Зимските олимписки игри следниот месец.

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток изјавил дека нема да има воени вежби со Јужна Кореја за време на држувањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг следниот месец, соопштува претседателството на Јужна Кореја.

Трамп, исто така, во телефонски разговор со јужнокорејскиот претседател Мун Је Ин, рекол дека се надева оти преговорите помеѓу двете Кореи ќе донесат добри резултати, пренесува Ројтерс.

Американскиот претседател, во истиот разговор, најавил дека ќе испратат делегација на високо ниво, вклучувајќи членови на своето семејство на Зимските олимписки игри.

 

Loading...