Јужна Кореја го лансираше петтиот воен шпионски сателит

Сподели со своите пријатели

Јужна Кореја го лансираше својот петти воен шпионски сателит од американската вселенска база во Флорида со ракета SpaceX Falcon 9, која успешно влезе во Земјината орбита, соопшти во неделата јужнокорејското Министерство за одбрана.

„Армијата планира да потврди дали сателитот функционира нормално преку комуникација со копнената станица“, наведе Министерството во соопштение за медиумите, пренесува Јонхап.

Сателитот со напреден радар е петтиот и последен воен сателит што ќе биде лансиран како дел од планот на официјален Сеул за распоредување пет шпионски сателити до крајот на оваа година за подобро следење на активностите во Северна Кореја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожар во продавница во Мексико - најмалку 23 лица загинаа