YouTube започна да ги информира креаторите на видеа што живеат надвор од САД дека ќе започне да им одбива дел од заработката што ќе се искористи за плаќање даноци во таа земја.
Според Јутуб, односно нивната матична компанија Гугл, од јуни 2021 година, авторите кои се надвор од САД ќе мора да наплатат дополнителен износ на данок на доход што го заработиле на оваа видео-платформа.
Од таа причина, тие побарале од сите креатори да им достават точни даночни податоци за да може прецизно да се пресмета данокот.
Крајниот рок за доставување на бараните податоци е 31 април.
Официјалното објаснување вели дека „Според Поглавје 3 од Даночниот законик на САД, Google има обврска да собира податоци, како и да пресметува и да поднесува даноци до Службата за внатрешни приходи на САД (позната и како IRS) доколку некој автор е вклучен во YouTube Програмата за партнерство и генерира приход од гледачите во Соединетите Американски Држави”.
Одлуката веројатно ќе ги намали приходите на авторот до одреден степен.
Од Јутуб, посочуваат дека ќе ги потсетат своите креатори на новите обврски со приближувањето на крајниот рок, но судејќи според коментарите, обрасците што јутуберите треба да ги пополнат предизвикаа бројни сомнежи.
Некои креатори не знаат дали нивната земја има потпишан договор со САД, додека други ги немаат сите информации што се бараат во формуларите, бидејќи тие не постојат во нивната земја.