Јутуберот Џејмс Чарлс ги разбуди страстите на социјалните мрежи благодарение на неговата „бременост“.
Славниот 21-годишник го промовираше своето ново видео наречено 24 часа бременост! Видеото е направено како дел од предизвик откако неговата пријателка Лора Меладо, која е бремена, му рекла дека не може да издржи бременост повеќе од 24 часа.
View this post on Instagram
Тој решил да одговори на тој предизвик и за само 24 часа да испроба како е да имаш труднички стомак, испроба симулатор на контракција, направил фотосесија и исто така наиде на низа вообичаени пречки за бременоста.
View this post on Instagram
Тој веднаш се обиде да се дистанцира од очекуваната критика, посочувајќи дека ова видео не е направено со цел да се омаловажи или исмее бременоста и додаде дека бременоста е „убава работа низ која поминуваат жените“, но исто така и дека „треба многу сила”.
Чарлс, кој има 25,5 милиони следбеници на Јутуб и 26,8 милиони следбеници на Инстаграм, исто така истакна дека дел од приходите од видеото ќе бидат донирани на разни добротворни организации кои им помагаат на жените кои се соочуваат со компликации во бременоста.
View this post on Instagram
Сепак, дури и тоа не помогна да се одбрани од лавината негативни реакции.
„Те сакам, Џејмс, но биди подготвен за голем број реакции. Ова не беше добар потег. Тој е многу бесчувствителен иако јас претежно не сум чувствителна личност. Извини, друже, но ова не е правилно”, беше еден од коментарите.
„Луѓе, дали сериозно дозволувате вакви работи да бидат нормални? Ова не е правилно”, коментира друг.
View this post on Instagram
„Се срамат поради тебе“, истакна третиот.
Еден корисник на Твитер сподели краток клип од видео во кое некој зад камерата му кажува на Чарлс дека неговиот лажен запис за бременост е „многу Халзи“.
„Халси буквално имаше ендометриоза. Одвратно е што тој или неговиот тим велат дека таа е „многу Халзи” додека правеше лажни фотографии од бременоста и се потсмеваше на сè што поминала низ животот”, напиша тој.
halsey literally had endometriosis. for him or his team to say ‘very halsey’ while he’s taking FAKE pregnancy photos is fucking disgusting and it mocks everything that she’s been through? pic.twitter.com/XSSE99agWE
— holly? (@HollyIfTrue) February 12, 2021
Да потсетиме, познатата пејачка минатиот месец објави дека е бремена, а во минатото беше доста отворена за претходниот абортус, како и за дијагнозата на ендометриоза.
И покрај бројните негативни реакции, неговото видео е прегледано повеќе од пет милиони пати за помалку од два дена.