Јутуб најави укинување на опцијата што корисниците ја обожаваа

Сподели со своите пријатели

Најголемата видео платформа во светот најави дека ќе го скрие бројот на „дислајкови“, односно негативни оценки со кои корисниците би можеле да ги оценуваат видеата.

Loading...

Компанијата вели дека на овој начин сака да спречи вознемирување и напади врз помалку популарни создавачи на содржини и да поттикне „интеракции со почит меѓу гледачот и креаторот“.

Корисниците на YouTube сепак ќе можат да одлучат дали им се допаѓа видео или не, но само авторот на видеото или сопственикот на каналот ќе можат да видат колку дислајкови има едно од неговите видеа.

Во март, YouTube објави дека експериментира со криење на бројките на негативни оценки и дека некои креатори на содржини имаат можност да ги кријат рејтинзите на нивните видеа некое време.

 

 

Исчезнувањето на бројот на дислајкови ќе биде промена за многумина, бидејќи тие се навикнати да можат да го видат процентот на допаѓања и недопаѓања веднаш штом ќе кликнат на видеото, а тоа придонесува за нивната одлука дали да го гледаат видеото или да го прескокнат.

Loading...

Ова повеќе нема да биде опција и може да спречи вознемирување на создавачите на содржина на платформата.

YouTube наведува дека добиле поплаки од сопствениците на помалку популарни канали и од оние кои штотуку почнале да работат на платформата дека честопати се неправедно цел на напади на дислајкови.

Експериментот спроведен од YouTube ги убедил во точноста на овие изјави, односно дека креаторите со помали канали почесто биле мета на напади отколку поголемите и попопуларни Јутубери.