Во последниве години, уникатната модернистичка архитектура на поранешна Југославија се повеќе се препознава во светот како уникатна, различна од западните и источните градби подигнати за време на Студената војна.
Сепак, она што не привлече внимание или признание беа делата на југословенските архитекти кои беа изработени надвор од територијата на тогашната СФРЈ, пишува порталот Spomenikdatabase.org.
Поради влијанието и политичките врски, Југославија беше во можност да ги извезе својата архитектура и модерен дизајн на бројни членови на Движењето за неврзаните.
Југославија остави еден од највидливите белези во создавањето огромен број згради и инфраструктура низ Африка и Блискиот исток. Многу од овие згради не се само одлични примери на југословенската архитектура, туку и на светската модернистичка архитектура.
Целиот феномен на југословенската архитектура во Африка и Блискиот исток само што започна да се истражува, во кој најмногу се истакнува академик Лукас Станке.
Еве некои од најважните примери на архитектурата на СФРЈ во овие региони:
Куќа Финдеко
Куќата ФИНДЕКО во Лусака, Замбија, беше дизајнирана од архитектите Душан Миленковиќ и Бранимир Гановиќ. Изградбата започна во 1971 година и беше завршена околу 1974 година (податоците од различни извори варираат).
Зградата е висока 90 метри и има 23 ката, што ја прави најголема во Замбија и една од најпознатите градби во земјата. Името на зградата потекнува од оригиналните сопственици, државната корпорација за финансии и развој (FINance and DEvelopment COrporation).
Таа е единствена по тоа што нејзините подови се пошироки од централниот столб, со што на структурата и се дава изглед на пркосна гравитација.
Зградата е изградена за ФИНДЕКО во екот на трговијата со извоз на бакар, сепак, како што кулата беше завршена, паднаа глобалните цени на бакарот и Замбија падна во рецесија.
Денес, оваа зграда главно служи како канцелариски и малопродажен простор.
Меѓународен конференциски центар
Архитектите на југословенската компанија „Енергопроект“ го изградија Меѓународниот конференциски центар во хотелот „Серена“ во Кампала, Уганда, во 1975 година за да бидат домаќини на 13. Самит на Организацијата на Африканската унија (ОАЕ).
Зградата има единствена хексагонална форма и декоративни алуминиумски панели кои служат не само за атрактивен изглед, туку и заштита од тропска топлина.
Spomenikdatabase.org наведува дека самитот го водел озлогласениот лидер на Уганда, претседателот Иди Амин, кој важи за еден од најсуровите деспоти во историјата.
Комплексот се користеше низ годините за голем број настани, неколку пати беше реновиран во последните неколку години, а сè уште се користи и денес.
Хотел Вавилон
Хотелот Вавилон во ирачката престолнина Багдад е дизајниран од архитектите Едвард Равникар, Мајда Крегар, Eуниор Едо Равникар и Миха Керин. Изградбата започна во 1969 година и беше завршена во 1982 година.
Фасцинантниот комплекс е инспириран од античките висински градини во Вавилон. Интересно е што хотелот требаше да биде изграден од црногорската компанија „Ловценинжеринг“ во Будва, но првичниот проект не успеа, а компанијата ги пренасочи плановите за хотелот, откако југословенската влада го додели за изградба на луксузен хотел во Багдад.
Интересно е што многу малку е променето во споредба со првичниот план. Штом се заврши, зградата стана култно обележје на ирачката престолнина. Функционираше дури и за време на војната во Ирак и претрпе експлозии на автомобил-бомби во 2010 и 2015 година.
Конференциски центар Мулунгуши
Архитектите на „Енергопроект“ го изградија овој центар во 1970 година во Лусака, Замбија. Создавањето на Центарот Мулунгуши беше резултат на кризата во 1970-тите, кога тогашниот претседател на Замбија, Кенет Каунда, требаше да го одржи третиот самит на Движењето за независност.
Проблемот бил во тоа што Замбија немала каде да биде домаќин на учесниците на самитот, така што Каунда се обратил кон Југославија за помош.
За неколку дена, инженери од Белград дошле на местото да направат планови за изградбата. За само четири месеци, центарот, со повеќе од 4.000 места, бил подготвен, а околу него биле изградени уште 65 вили за посетителите на самитот. Зградата е сè уште во употреба и е во добра состојба.
Хотел „Шератон“
Хотелот „Шератон“ во центарот на градот Хараре, Зимбабве – во 2005 година е преименуван во „Кули на виножитото“ – бил дизајниран од Љиљана и Драгоjуб Бакиќ, архитекти во Енергопроект.
Изградбата започнала во 1982 година и биа завршена четири години подоцна. Луксузниот хотел е сеуште единствената зграда со пет ѕвезди во Зимбабве, како и најголемиот хотел во земјата, со скоро 400 соби.
Неговите поврзани две кули се високи 67 метри и имаат 18 спрата. Хотелот се карактеризира со златна боја и огромни стаклени sидови, што му дава скоро футуристички, модерен изглед. На западната страна на зградата е голем конференциски центар.
Пред самитот на британскиот Комонвелт во 1991 година, била поставена бомба на приземјето на хотелот, кога се повредени седум лица. Хотелот сè уште функционира денес и е во одлична состојба.
Меѓународен аеродром Ентебе
Аеродромот во Ентебе, Уганда го дизајнирал архитектот Александар Кековиќ од „Енергопроект“, а изградбата, која започнала во 1972 година, била завршена за само една година.
Аеродромот се наоѓа на околу 45 километри јужно од главниот град Кампала. Зградата е најдобро запаметена за инцидентот од 1976 година, кога групата „Популарен фронт за ослободување на Палестина“ киднапирала авион на „Ер Франс“ што одел од Тел Авив кон Париз и го пренасочила кон аеродромите во Ентебе.
Групата побарала ослободување на 40 палестински милитанти во замена за ослободување на патниците од авионот. Авионот бил пренасочен кон Ентебе, бидејќи претседателот на Уганда, Иди Амин го поддржал мотивот на киднаперите.
Заложниците беа ослободени една недела подоцна во драматична акција наречена Операција Ентебе. Зградата е делумно уништена во 1979 година за време на војната помеѓу Уганда и Танзанија.
Аеродромскиот комплекс дизајниран од Кековиќ сè уште е во функција и има планови за реновирање на целата зграда.
Пет сали на Универзитетот на науки и технологија Кваме Нкрумах
Архитектите Марасовиќ, Никша Цико и Џон Овусу Адо дизајнирале пет сали на универзитетот КНУСТ во Кумаси, Гана, кои биле изградени помеѓу 1964-1968 година.
Во 60-тите години на минатиот век, владата на Гана сакала да развие мало стручно училиште, Колеџи за технологија Кумаси, во полн универзитет. Институцијата го добила името по Кваме Нкрумах, првиот претседател на Гана.
За време на годините што следуваа, зградата била проширена со изградба на неколку кампуси. Пет од серијата на овие нови кампуси – вклучувајќи ги Вицеканцелариската ложа, Салата на единство, Африканската сала, Клуб на постариот персонал и Колеџот за архитектура – биле создадени од тимови на архитекти, вклучувајќи ги и југословенските Марасовиќ и Никша Цико, кои работеле со Џон Овусу Ада, Б. Калогер и К. М. Г. Крикбрид. Овие згради се значаен дел од новите архитектонски трендови во Гана.