Нови 20 километри канализациска и атмосферска канализација ќе бидат изградени во текот на 2016 година од страна на Јавното претпријатие „Водовод“ според планот и програмата за работа во 2016 година, која денеска беше изгласана и подржана од сите советнички групи на седницата на Советот на Општина Куманово.
Пофални зборови пристигнаа за сработеното во текот на изминатата година кон менаџерскиот тим на претпријатието, со надеж од советнциите дека истото ќе се оствари и оваа година.
Директорот Горан Стојковски истакна дека добрата работа е благодарение на фунцкионирањето според сите законски прописи.
Ќе се репарира и гради канализациона мрежа во должина од 20 километри, треба да отпочне изградба на атмосферска мрежа исто така во должина од 20 километри и замена на околу 10.000 застарени водомери со цел намалување на загубите на вода. Вредноста на воие проекти е близу 6,5 милиони евра – вели Стојковски.

