Директорот на Јавното Претпријатие „Паркинг Центар“ Саша Богдановиќ денеска со својот колега Фадиљ Шабани, директор на ЈП „Куманово паркинг“ потпишаа меморандум за соработка преку кој ќе разменуваат искуства и ќе ја продлабочат соработката меѓу двете претпријатија.
Ова е еден од првите чекори коишто планираме да преземеме неколку активнсоти кои во нареден период ќе заземеме наши ставови како јавни претпријатија, но и други претпријатија кои подоцна планираме да се приклучат и да успееме да ги подобриме условите за пакрирање низ сите општини во Република Македонија и така да го подобриме начинот на функционирање и во динамичниот и во стационарниот сообраќај на граѓаните кои живеат во нашите општини – изјави Богдановиќ.
Loading...
Тој истакна дека со кумановскиот колега во наредниот период интезивно ќе соработува за да условите за пакрирање ги направат што е можно подобри.
Нашата соработка е почната пред 2 години. Заендички патуваме на разни семинари и во разни обуки што ги имавме до сега, разни анстани, буквално тоа ни е заеднички настани што ги организиравме до сега. Со денешниот ден ставаме круна на целата соработка и денеска го потпишуваме меморандумот за соработка меѓу двете јавни претпријатија што ни дава надеж дека соработката освен со општина Центар ќе продолжи и со другите општини во државата – вели диеркторот Шабани.
Според двајцата директори во иднина ќе се формира и Здружение на паркинзи во Република Македонија за да се подобри работењето на оваа поле.