Јавното претпријатие „Куманово-гас“ ја прошири дистрибутивната гасоводна мрежа во поширокото централното градско подрачје на Куманово, информираа денеска од претпријатието.
Деновиве, како што посочија, е поставена приклучок на уште една станбена зграда на улицата „Иво Лола Рибар“, а претходно се прошири и мрежата на улицата „Димитар Влахов“ и на дел од улицата „Ленинова“.
– Во наредниот период очекуваме да продолжиме со интензивни активности и проширување на улицата „Васко Карангелевски“ каде има поголем број на станбени единици кои би се приклучиле на мрежата, изјави директорот на претпријатието, Никола Денковски.
Од претпријатието ги повикаа физичките лица и правните субјекти од овие делови од Куманово, доколку се заинтересирани, писмено или телефонски да се обратат до претпријатието или преку станбени домари, бидејќи се создадени технички услови за приклучување на нивните индивидуални и колективни станбени објекти на дистрибутивниот гасоводен систем на град Куманово.
МИА