ЈП „Куманово гас“ излезе од загуба, 5 милиони денари во 2019. за ширење на мрежата

Сподели со своите пријатели

Пет милиони денари ќе добие Јавното претпријатие „Куманово гас“ за проширување на гасоводната мрежа во текот на 2019 година.

Loading...

Според програмата која на денешната 20та седница на Советот на општина Куманово беше изгласана со мнозинство од гласовите, акцент ќе се стави на ширење на мрежата на неколку важни локации, а примарна цел ќе биде гасификација на кумановската болница и Техничкото училиште „Наце Буѓони“, рече директорот Никола Денковски.

– Она што е значајно во оваа програма е тоа дека е започната проектна документација со која ќе бидат опфатени останатите делови од градот, кои досега немаа шанса да бидат приклучени, тука се „Трета МУБ“, „Гоце Делчев“, „11 Ноември“ и „Перо Чичо“. Од овие урбани единици ги видовме приоритетите, болницата, Техничко учулиште, каде ќе се шири мрежата. Согласно програмата ни беа доделени 5 милиони денари, тие се процентуално распределени на ставките за вложувања, ако годинава имавме 4 километри мрежа, сега предвидуваме 2,5 километри. Се надевам дека ќе имаме измени на програмата и ќе предвидиме дополнително проширување на мрежата, рече Денковски.

Сепак се наиде на забелешки од опозицискиот советник Зоран Петрушевски дека претпријатието има на располагање вкупно 5 милиони денари за ширење на мрежата, а само за плати же треба да потроши 5,3 милиони.

– Овие пари се премалку за работата која од вас се очекува, сите го чекаме овој гас, јас сум еден од основачите тогаш кога го правевме замислувавме дека во наредните 2-3 години тоа ќе биде применливо во големи количини, но не дојдовме до таква ситуација и проблемите се јавуваат, рече Петрушевски.

Градоначалникот Максим Димитриевски вели дека за прв пат оваа претпријатие прокнижува добивка, а на својата сметка има седум милиони денари.

– Нашиот таргет во 2019 година за гасификација и ширење на гасоводната мрежа е првенствено изготвување на проектна документација за која општината има распишано тендерска постапка и една третина од вкупниот износ е реализирана кон добавувачот за сработената работа во однос на исцртување на основите проекти и следува фаза на гасифиакција во делот на градската болница. Јавното претпријатие до јули – август ќе преземе обврска да ја шири својат примарна мрежа до потенцијалниот корисник, градската болница, која по најава на Владата и Министерството за здравство најавија дека се во фаза за набавка на средства за гасифиакција на болницата. Паралелно работиме на проект за ширење на гасоводна мрежа до една од индустриските точки, односно во индустриската зона Доброшане бидејќи има голем број субејтки заинтерсирани да се приклучат и гасифицираат и исто така водиме постапка во однос на интересот од правни и физички лица каде можеме со мометанланата мрежа да ги опслужиме, како и ширење на кракот во населбата Гоце Делчев, рече Димитриевски.

Како што посочи градоначалникот ќе се прават напори да се направи физибилити студија оваа претпријатие да влезе во јавно-приватно партнерство, но приватниот партнер ќе мора да осигура вложување на минимум 10 милиони евра во инвестициската мрежа.

Loading...

Leave a Reply