ЈП „Куманово Гас“ до крајот на годинава ќе постави уште еден километар мрежа

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Куманово-Гас“ до крајот на годинава ќе има можности да користи 6,9 милиони денари средства кои ќе ги вложи во изградба на нова инфраструктура и приклучоци. Дел од средствата од буџетот на општината, со усвоениот ребаланс на буџетот во висина од шест милиони денари се префрлени за наредната 2018 година, информираше директорот на ЈП, Драган Петровски.

Согласно, работната програма ЈП „Куманово-гас“ од почетокот на годинава, досега има поставени околу три километри мрежа, која ја опфаќа и дистрибуцијата и приклучоците. Петровски објасни дека согласно програмата било предвидено за тековната 2017 да бидат поставени четири километри.

– До крајот на годинава очекуваме да ги довршиме планираното поставуавње на мрежата, изјави Петровски.

Најголем процент од поставувањето на мрежата се спроведува во централното градско подрачје. Последниве месеци екипите на претпријатието, интензивно работат на поставуавње на мрежата во делот на улиците околу Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово, а опфатени се и улиците „29 Ноември“, „Живко Чало“, „Иго Тричковиќ“, како и „Кирил и Методиј“, „Благоја Богдански Гуцман“.

„Куманово Гас“, досега има 75 приклучоци, најголем процент, општински и јавни установи, училишта, градинки, затворениот базен, домови за стари лица, две колективни згради, домаќинства. Во фаза на изградба на приклучоци, е станбена зграда со 120 станбени единици и неколку домаќинства.

Извор: МИА