ЈП „Чистота и зеленило“ со намалени средства во 2019. година

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ во следната година ќе работи со намалени средства споредбено со 2018та, меѓутоа надлежните потенцираат дека сето она што било работено повторно ќе се најде во програмата и дека граѓаните нема да почуствуваат негативни последици од намалените средства кои комуналното претпријатие ќе ги има на располагање.

Loading...

Промени како што рече директорот Даниел Стојчевски ќе има во динамиката на чистењето на улиците, со тоа што е намалена површината која ќе биде метена. Приоритет на ЈП „Чистота и зеленило“ во 2019 година ќе биде одржувањето на хигиената во централното градско подрачје.

– За да го постигнеме потребното ниво на хигиена во градот ќе ни биде потребно граѓаните совесно да се однесуваат, односно да ги почитуваат поставените садови за смет и сметот да го одлагаат во нив. Она што е најголем проблем за самото јавно претпријатие е опремата со која располага за чистење на улиците, ние метеме со средства од 19 век и она што ќе биде потребно за 2019 година е јавното претпријатие да обезбеди опрема за метење на улиците за да дадеме подобра услуга кон крајните корисници, односно граѓаните да го почуствуваат бенефитот од таа опрема што ќе ја обезбедиме, изјави Стојчевски.

Како што истакна советникот Зоран Петрушевски, на денешната 20та седница на советот, ако за уредување на зелено-цветни површини досега од општината, оваа јавно претпријатие добивало 20 милиони денари, во претстојната година ќе добива само пет.

– Општината била задолжена, се тоа во ред, но ви се нафаќате со овие средства да го одржувате градот, особено овие зелено-цветни површини. П какви проблеми имаме во врска со взодухот, требаше со онаа програма дополнително сте обврзани, за ургентни мерки, на неколку места јавното претпријатие се обврзува, што се обврзува, немате пари за нормално работење, повторно ќе кажам, вие сте потребни, вие сте основно претпријатие за одржување на животот, рече Петрушевски.

Директорот Стојчевски сепак вели дека со неговото доаѓање на функцијата директор пред половина година се обновуваат зелените површини во градот, а и покрај намалениот буџет ќе се наоѓаат локации Куманово дополнително да се разубави.

Побарувањата на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ изнесуваат 360 милиони денари, а долгот за околу 100 милиони помалку. Побарувањата според директорот се реално ненаплатливи и ќе се влезе во фаза, при правење на завршната сметка да се даде реален приказ колку од тие средства можат да се наплатат.

– Во почетокот на 2019 година би имале еден убав приказ за состојбата во самото јавно претпријатие, а интензитетот на менаџерскиот тим ќе биде првично намалување на трошоците што го работиме во моментот, а паралелно на тоа и намалување на долговите што ги има јавното претпријатие. Еден од најголемите долгови кои го имаме е долгот кон УЈП за ДДВ кој не бил платен во 2005, 2006 и 2007 година, кое ДДВ тогаш изнесувало 18% за пуштени фактури и тогаш наплатата била многу помала и реално не било возможно тогаш јавното претпријатие да го плаќа тој долг кој го има кон држава. Тој долг се провлекува со години, тоа е затечена состојба, правиме обиди тој долг да го решиме, изјави директорот Стојчевски.

Loading...

Каматата е поголема и од самиот долг, вели Стојчевски, кој додава дека се прават напори истиот да се исплаќа на рати, но сепак системско решавање со општината и владата ќе биде едно од решенијата, со оглед дека и други јавни претпријатија имаат ист проблем.

фото: архива

Leave a Reply