ЈП „Чистота и зеленило“ ќе ги покачи цените на услугите

Сподели со своите пријатели

Услугите за собирање и транспорт на смет, но и влезниците за затворениот градски базен ќе се покачат, одлучи денеска Советот на Општина Куманово.

Loading...

Покачувањето доаѓа на барање на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ кое ги извршува овие услуги, а со оправдување дека трошоците се енормно зголемени.

Опозицијата од СДСМ и ДУИ се противеше на покачувањето, додека директорот на јавното претпријатие Даниел Стојчевски посочи дека тоа е неопходно.

– Нависитна стнаува збор за мерка која најмалку ниту јас, ниту менаџментот на јавното претпријатие сакаме да ја донесеме. Пред три четири месеци беше наведено што се случува со ценовните шокови, каква е состојбата, детално објаснив на оваа говорница, што се очекува во нареден период и што ќе се случува, рече Стојчевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово изминатата недела имало најмногу заболени од грип

Стојчевски вели дека ова покачување е резултат на други покачувања во општеството, онаа на минималната плата, горивата, електричната енергија…

– Пред четири месеци, не по барање на јавното претпријатие, беа покачени минималната плата. 80% од вработените кои се претежно општи работници земаат минимална плата која е покачена околу 25%. Да нема недоразбирање, треба да им се качи платата, работат во различни временски услови, сонце, дожд, снег, ладно, топло. Тие се на терен и се грижат нашиот град да биде чист и овие луѓе заслужуваат поголема плата, рече тој.

Стојчевски вели дека од 350 вработени, само 39 се административни службеници, вклучувајќи го и него. Сите останати се општи работници кои работат за минимална плата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Комунални редари секојдневно ќе вршат контроли покрај коритото на Кумановка

– Ако платниот фонд бил 7,5 милиони денари сега е 10 милиони. Имаме сметки по 700 илјади денари за елелтрична енергија. Не е зголемена потрошувачката, туку цената. За да имаме рентабилно работење и нормално функционирање на јавното претпријатие иако никој не го сака тоа, ние сме приморани да извршиме покачување на цена на услугата, појаснува Стојчевски.

Loading...

Вели дека само за гориво сега плаќаат 1,5 милиони денари, а во минатото плаќале до 800 илјади. Нагласува дека се покачени и резервените делови и гуми за камионит, како и канцеларискиот материјал.

Коалицијата од СДСМ беше против оваа одлука, а од говорница во име на советничката група говореше Александар Јовановски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Секоја осма жена во светот заболува од рак на дојка, скринингот е многу важен (ВИДЕО)

– Имам впечаток дека и покрај сите ценовни шокови од оваа криза, дека ова владејачко мнозинство, односно овој тим што го води градот, како да едвај чека да им ги собере парите на граѓаните, рече тој.

Директорот Даниел Стојчевски, вели дека е свесен за револтот на граѓаните и негативните коментари, но ваквата одлука е неопходна.

Со новото зголемување, жителите од централното градско подрачје ќе плаќат 4,5 денари за метар квадратен, за разлика од досегашните три денари.

За жителите од приградските населби цената ќе се зголеми од на 3 денари по метар квадратен.

Правните субјекти ќе плаќаат 12,5 денари, а досега цената изнесуваше 10 денари по квадрат.

Никола Ивановски

Loading...