ЈП „Чистота и зеленило“ доби две нови транспортни возила (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ денеска доби две нови транспортни возила од Центарот за развој на Североисточен плански регион – ЦРСПР.

Како што истакна директорот на претпријатието Ненад Стојановски, станува збор за возила обезбедени преку Бирото за регионален рамномерен развој, кои ќе се користат за транспорт на смет на непристапни места каде големите камиони не можат да влезат.

– Ова на нас многу ни значи затоа што тоа ќе ни ја олесни работата за нашите дневни активности, а со тоа ќе им олесниме и на граѓаните да тој смет стои помалку време. Ваков тип на возила ние во суштина и немаме, а ни се неопходни, изјави Стојановски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ученици од „Перо Наков“ пред голема награда. Сега им треба вашата поддршка!

 

 

Како што додаде, за околу месец дена ќе пристигне уште едно возило кое врши работа под воден притисок и ќе се користи за перење на сообраќајници.

– Истиот проект првенствено е наменет за Бислимска клисура и течението на река Пчиња, бидејќи станува збор за тесно грло, постојат пластики кои се задржуваат таму, туристите минувајќи низ тоа подрачје кое придонесува за туристичкиот развој, се фрла отпад недостапен за собирање, нашите камиони не можат таму да делуваат и овие возила ќе бидат поекспедитивни во тој дел, појасни директорот.

 

 

Совеникот Ивана Ѓорѓиевска, во име на градоначалникот денеска истакна дека станува збор за набавка вредна нешто над 1,6 милиони денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гимназијалци од Куманово во трка на натпревар вреден милион денари – поддржете ги со гласање!

– Ова се возила кои се многу важни за јавното претпријатие, а особено важни за хигиената во градот. Свесни сме дека во населените места, особено во населбите има многу тесни улички во кои камионите не можат да пристапат, па често пати нашите сограѓани се приморани да се спуштаат долу, своите отпадоци и канти да ги спуштаат по неколку стотици метри, што значи дека овие возила се многу потребни за да можат да се протнат во тие улички, појасни Ѓорѓиевска.

 

 

Како што додаде директорот Стојановски, во иднина се очекува претпријатието преку низа проекти да добие уште возила кои ќе бидат добредојдени за обновување на возниот парк.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ученици од „Перо Наков“ пред голема награда. Сега им треба вашата поддршка!

Никола Ивановски