Јоргованот е еден од најпрепознатливите пролетни цветови, меѓутоа, дали сте знаеле дека токму во цветовите, листовите и стеблото се кријат бројни лековити својства.
Многу е популарно растение во хомеопатијата, а често се користи и за лечење на ревматски болести и тоа посебно реума на нервите. Исто така, поволен е и за лечење на дигестивни потешкотии, како што е дијарејата.
Кората од дрвото и омотувачот на семката се користи за лечење на маларија и тоа повратна маларија со симптоми на грозница пропратени со треска и висока температура.
Листовите се користат за лечење грозница и болести на уста кај децата, конгестија на црниот дроб (насобирање на крвта во мекото ткиво), тешкотии со дигестивниот систем како што се цревата (слабо варење и празнење на цревата, дијареја), кај тешкотии со дишните органи (кашлица, бронхитис), кај покачена телесна температура, камен во бубрегот, висок крвен притисок и слично.
Цветовите се користат за лечење на кожни болести како сипаници, изгореници (листовите ги варите додека водата не стане црна, па чајот се користи за облоги), исеченици, изгребаници и разни кожни нечистотии, посебно во негата на лицето (цветовите се варат во млеко и се ставаат облоги на лицето), кај тешкотии со дигестивниот систем и дишните патиша, тегоби во очите (глауком – облога за очи) итн.
Маслото од цетовите на јоргованот познато е како народно средство за масажа и лечење на реума. Во ароматерапијата се користи за емоционална и духовна рамнотежа и за зајакнување на сензуалноста и лечење на потиштеноста.