Јордан: Тројца полицајци загинаа при рација

Сподели со своите пријатели

Тројца полицајци се убиени во рација во скривалиште во градот Маан на југот на Јордан, каде се криеле осомничените за претходното убиство на полицаец, соопшти денеска јорданската полиција.

Loading...

Полицијата соопшти дека еден од осомничените, осомничен милитант, е убиен, пренесува Ројтерс.

Немирите во Маан и другите градови во јужен Јордан избувнаа поради повремени протести на возачи на камиони, кои го изразија своето незадоволство од високите цени на горивата.

На 15 декември, еден полицаец беше убиен во судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили, а владата одговори со испраќање повеќе безбедносни сили.

Акцијата на владата, сепак, само го разгоре пламенот на протестите. Според полициското соопштение, демонстрантите уништиле автомобили, палеле гуми, поставиле барикади на автопатот, а во судирите биле повредени над 40 припадници на безбедносните сили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија, Албанија и ОАЕ потпишаа договор за обновлива енергија тежок милијарда евра

Полицијата уапси 44 демонстранти, а трага по уште 200 осомничени за учество во немирите.