Јордан: Експлозијата во Газа е срам за човештвото

Сподели со своите пријатели

Јордан го откажа самитот за ситуацијата во Појасот Газа на кој требаше да присуствуваат лидерите на Јордан, Египет, САД и Палестина.

Loading...

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади рече дека средбата ќе се одржи во време кога страните би можеле да постигнат договор за ставање крај на „војната и масакрот против Палестинците“, обвинувајќи го Израел за туркање на регионот до „работ на бездната“ со својата воена кампања, пренесува Ројтерс.

Јорданскиот крал Абдула требаше да биде домаќин на самит на лидери од Јордан, Египет, Соединетите Американски Држави и Палестина на кој ќе се разгледа испораката на помош во Газа за да се избегне хуманитарна катастрофа и да се смири конфликтот со Израел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јордан: Израел го турка Блискиот Исток на работ на регионална војна

Откажувањето доаѓа откако најмалку 500 луѓе беа убиени во напад на израелските сили врз болница во Газа во вторникот, според Палестинците.

Јорданскиот крал, исто така, го обвини Израел за експлозијата на болницата во Газа и рече дека тоа е „срам за човештвото“ додека го повика Израел веднаш да ја прекине својата воена кампања против Газа.

Тој предупреди дека одговорот на Израел, по нападот на Хамас на 7 октомври, во кој беа убиени и повредени повеќе од 1.300 Израелци, го надминува правото на самоодбрана и се претвора во колективно казнување на палестинските цивили.

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман ал-Сафади во изјава рече дека „по консултации со нивните палестински и египетски браќа и по разговорите со САД, тие одлучија да не го одржат самитот“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто Хезболах користи пејџери? Срушен камен-темелник на милитантната група, експлозиите открија клучна слабост!

Целта беше, како што беше посочено, да се постигне решение кое ќе ја запре војната, ќе ги почитува животите на Палестинците и ќе им ја обезбеди помошта што ја заслужуваат.

Loading...

„Самитот беше откажан и поради израелскиот масакр врз палестинскиот народ во Појасот Газа, од кој последниот масакр во болницата Баптистичка беше шок за сите и не може да се толерира“, се заклучува во соопштението.