Јонел Браун во кошаркарската лига на Атланта, во КК Куманово ништо ново

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишниот американски плејмејкер кој изминатата сезона го носеше дресот на Кошаркарскиот клуб Куманово летово започнува да игра во професионалната кошаркарска лига на Атланта, а информацијата ни ја потврди и тој самиот.

 

Loading...

 

Браун во изминатата сезона пристигна од Кипар, по препорака на поранешниот играч на Куманово, Вукашин Мандиќ, а требаше да биде замена за репрезентативецот Александар Костоски кој замина да игра во романскиот прволигаш Питеши.

Во дресот на Куманово, Браун играше во домашниот шампионат, но заедно со своите колеги успеа да освои и сребрен медал од Балканската лига. Пристигна во Куманово како избраник од втората најдобра петорка во „Атлантик Сан“, откако во просек бележеше 18,6 поени во дресот на Кенесо Стејт.

 

 

Во 2015та година тој не ги помина НБА драфт квалификациите, по што се пресели во Никозија на Кипар. Сега Браун кариерата ја продолжува во Америка.

Во меѓувреме додека дел од домашните клубови веќе ги обновуваат договорите со играчите и најавуваат учества и на меѓународни лиги, од сино-белите засега ништо. Молк од управата, од како што дознаваме продолжува статус-кво ситуацијата.

 

Loading...

 

Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски неодамна посочи дека во оваа сезона ќе се стави акцент на домашните играчи, со оглед дека странските се покажале како непродуктивни и не ги оправдувале големите финансиски средства кои биле вложени во нив.

По многу превирања, финансиски кризи, Куманово годинава не обезбеди место во суперфиналето од домашниот шампионат, но затоа освои второ место во Балканската лига, каде не успеа да го совлада бугарскиот клуб „Берое“. Споредбено со сезоната 2015-2016 публиката доаѓаше во се помал број. Дали ќе направат успешен ростер и КК Куманово ќе се блесне во препознатливиот сјај останува да почекаме и да видиме.