Јоана Сарафимовска е именувана за в.д. директор на Национална установа Центар за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово.
Сарафимовска има повеќегодишно искуство во самата установа, каде е вработена како стручен соработник за драмска дејност.
Назначена е кон крајот на минатата недела од страна на министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Таа доаѓа на местото на Сашо Тодоровски, кој два мандати ја извршуваше функцијата директор.
Никола Ивановски

