Јавните претпријатија и ТППЕ ќе ги санираат последиците од поплавите

Сподели со своите пријатели

На вонредната седница на штабот за заштита и спасување денеска градонаалникот е задолжен да бара дополнителна помош од Дирекцијата за заштита и спасување да издаде дополнителни кочини гориво и механиација за справување од поплавите.

Loading...

Исто така градоначалникот ќе ги ангажира ЈП „Водовод“ и ЈП „Чистота и зеленило“ заедно со Територијалната против пожарна единица Куманово да учествуваат во санирање на штетата, а откако водата ќе се повлече на терен ќе излезе Комисија за проценка на штетите.

Два дена имавме обилни врнежи, над 50 литри дневно. Значи два дена постојано врне и најопасниот дел е што во наредните денови очекуваме уште пообилни дождови, што може да го загрози овој дел во градското подрачје, каде имаме интервенирано во изминатите неколку недели. Водата е на највисокото ниво таму. Се надеваме дека ако денеска нема врнежи ќе се повлече водата малку настрана и очекуваме подобра прогноза – изјави градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски.

Во село Лопате при излевање на Матејачка река се поплавени 6 до 7 куќи со помошни објекти. Во селото  Режановце реката Липковка и каналот кај пругата се излеале, при што се зафатени 5 хектари земјиште.

Липковка се излеа и кај расадникот на Шумско стопанство, каде се поплавени 6 објекти на расадникот и 20 хектари земјиште. Во населба Бедиње реката Липковка сруши мост во должина од 7 метри и истиот се попречил во реката, со што се поплавени 6 куќи и 2 штали, плус 25 хектари земјиште.

Липковка е излеана и кај стадионот Башкими, при што се зафатени триесетина куќи со помошни објекти.

Во село Проевце е поплавена една куќа до мостот на река Кумановка, а во Доброшане реката поплави 15 хектари земјоделско земјиште.