Јавна трибина – историски час – изложба на тема „Борбено и слободарско Куманово”

Сподели со своите пријатели

Во Занаетчиски дом – Куманово се одржа јавна научна трибина – историски час – изложба на тема „Борбено и слободарско Куманово”, во чест на 79-та годишнина од првиот конгрес на НОМСМ.

Loading...

 

 

На присутните гости и учесници на панел дискусијата  им се обрати градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој ги подвлече историските придобивки од НОБ, укажувајќи почит и благодарност на жртвите кои се бореа за денешната слобода.

 

 

Loading...

Панелисти на трибината беа проф.др Венко Андоновски (Имаголошките претстави за Бугарите кај Волтер и за Македонците кај Маркес, сврзани со родното Куманово), проф.др Вера Антиќ (Рацин – незаборавник во времето) и проф.др Тодор Чепреганов (11 Октомври: 1941-2022).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец се искачи на Килиманџаро - највисоката точка во Африка (ФОТО)

 

 

Проф. по историја Маринела Јакимовска и граѓанскиот активист Сотир Костов се осврнаа на теми поврзани со нашето револуционерно минато:

– Народноослободителна епопеја 1941-1944 год.,

– Партизански одреди и Народни херои од Куманово,

– Споменици на НОБ во Куманово.

Loading...

 

 

Борбениот дух и непокорот на нашите претци беше претставен преку изложените фотографии на тема – Партизански одреди и народни херои од Куманово.

 

 

Организатори на настанот се градоначалник и Совет на Општина Куманово, Сектор за образование, Фондацијата за култура и спорт Куманово и Институт Хабеас Корпус – Скопје.

Loading...