Јапонски и индиски воени авиони за првпат одржаа заеднички вежби

Сподели со своите пријатели

Јапонската и индиската армија за првпат во историјата одржаа заедничка воена вежба со употреба на борбени авиони, соопшти јапонското Министерство за одбрана.

Loading...

Соединетите Американски Држави, Јапонија, Индија и Австралија ја формираат таканаречената „Квад група“.

Овие четири земји сакаат да го прошират своето присуство во индо-пацифичкиот регион, регион каде Кина сака да има уште поголемо влијание.

Според податоците на јапонското Министерство за одбрана, Индија стана петта земја со која Јапонија имала ваков вид воени вежби, по САД, Австралија, Велика Британија и Германија.

Јапонските копнени и поморски сили веќе имаа заеднички воени вежби со индиските единици од истите гранки на армијата.