Јапонската владејачка партија објави листа на кандидати за замена на премиерот Кишида

Сподели со своите пријатели

Јапонската владејачка Либерално-демократска партија денеска објави листа од девет кандидати за изборите на 27 септември, од кои еден ќе го замени премиерот во заминување Фуми Кишида како лидер на партијата.

Loading...

Секој кандидат, кој претходно ја доби поддршката од најмалку 20 други пратеници на ЛДП за да се квалификува за изборите, ќе започне со серија јавни настапи, почнувајќи со национална телевизиска дебата во сабота.

Девет кандидати на ЛДП и други пратеници ќе се соберат во партиските штабови во Токио на 27 септември за да гласаат за идниот претседател на партијата, кој ќе биде и идниот премиер, бидејќи партијата има мнозинство во парламентот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Додека едни се борат со поплави, некои Чеси го искористија моментот за сурфање (ВИДЕО)

Секој од 369-те пратеници на ЛДП ќе гласа во првиот круг, додека еднаков број гласови ќе бидат распределени меѓу членовите на партијата кои претходно биле анкетирани, пренесува Ројтерс.

Кандидатот кој ќе добие просто мнозинство во таа анкета станува лидер на партијата, а доколку никој не обезбеди мнозинство, следува втор круг на избори меѓу двајцата кандидати со најмногу гласови.

Во вториот круг, секој пратеник повторно добива по еден глас, но уделот на гласовите меѓу членовите на партијата се намалува на 47 гласа, по еден за секоја јапонска префектура.

Откако ќе биде избран новиот лидер на ЛДП, јапонскиот парламент ќе се состане, најверојатно на почетокот на октомври, за да избере нов премиер, кој се очекува да ја објави новата влада и да ги именува клучните партиски функционери.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто има повеќе поплави и како да се спасите ако надојде порој?

Новиот премиер, исто така, може да распише предвремени општи избори за да побара национален мандат, а најмалку еден водечки кандидат, Шинџиро Коизуми, вети дека ќе го стори тоа.

Loading...

Националните избори би можеле да се одржат на 27 октомври, според медиумите, пренесува Танјуг.