Јапонија воведе санкции за тројца високи членови на палестинското милитантно движење Хамас и ги замрзна нивните средства, соопшти денеска јапонската влада.
Три лица се осомничени дека биле вмешани во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и дека ги користеле средствата за финансирање такви терористички активности, изјави портпаролот на јапонската влада, пренесува Ројтерс.
„Денеска Владата одобри мерки против тројца членови на раководството на Хамас, врз основа на резолуцијата 1373 на Советот за безбедност на ОН, во форма на замрзнување на средства, ограничувања за плаќање, ограничувања на трансакциите на капитал“, изјави владиниот портпарол Јошимаса Хајаши.
Таа изјави дека нивниот имот е замрзнат со цел да се прекине пристапот на Хамас до изворите на средства и да се спречи протокот на средства за терористички активности, пренесе Танјуг.