Јапонија воведе нов пакет санкции против Русија, кој вклучува забрана за увоз на неиндустриски руски дијаманти, ограничувања на извозот и замрзнување на имотот, објави јапонското Министерство за економија и трговија.
Како дел од пакетот, Јапонија наметнува ограничувања за извоз на 57 компании, вклучувајќи бројни индустриски и одбранбени компании, производители на авиони и бродови и истражувачки институции.
На црната листа се и 35 физички лица и 43 фирми чиј имот ќе биде замрзнат.
Почнувајќи од 1 јануари следната година, Јапонија забранува увоз на руски неиндустриски дијаманти во земјата, пишува Тасс.
Јапонија, исто така, воведе санкции за две компании од Обединетите Арапски Емирати, по една од Ерменија и Сирија и две од Узбекистан, осомничени дека и помогнале на Русија да ги заобиколи трговските ограничувања.