Јапонија воведе дополнителни санкции за Русија и Белорусија

Сподели со своите пријатели

Јапонија воведе дополнителни санкции кон Русија и Белорусија поради нивната инвазија на Украина, замрзнувајќи ги имотите на 32 руски и белоруски функционери и олигарси.

Говорејќи на прес-конференција во вторникот, јапонскиот генерален секретар Хироказу Мацуно рече дека потегот на Јапонија доаѓа додека Русија го продолжува нападот врз Украина, при што Белорусија „очигледно е вклучена“.

 

Поранешен британски генерал: НАТО порано или подоцна ќе мора да се бори против Русија

 

Јапонското Министерство за финансии соопшти дека новонајавените санкции се насочени кон 20 Руси, вклучувајќи го и првиот заменик началник на кабинетот на администрацијата на претседателот Владимир Путин, вицепремиерите и шефот на Чеченската Република, објави Си-Ен-Ен.

Санкциите се насочени и кон директори на компании како Транснефт, Вагнер и Групацијата Волга.

Санкциите вклучуваат 12 белоруски владини претставници и бизнисмени, вклучувајќи го и претседателот на Националниот олимписки комитет Виктор Лукашенко и 12 организации во Русија и Белорусија.

 

Бајден сѐ уште нема донесено одлука за забрана за увоз на руска нафта

 

За капиталните трансакции, како што се договори за депозити, договори за доверба и договори за парични заеми со оние наведени од јапонското Министерство за финансии, од денеска ќе бидат потребни владини дозволи, додаде Министерството.

Јапонија, исто така, забранува извоз на опрема за рафинерија за нафта во Русија и производи за општа намена во Белорусија што може да се сметаат за „зајакнување на воените капацитети“, соопшти Министерството.

 

Поранешен британски генерал: НАТО порано или подоцна ќе мора да се бори против Русија

 

Јапонија, исто така, ќе го забрани извозот во белоруското Министерство за одбрана, вооружените сили, Националната гарда, Националната полиција, државните разузнавачки организации и ЈСЦ Интеграл, компанија за производство на полупроводници со седиште во Минск.