Јапонија: Сомнителен балон летал над морето во близина на островот Кјушу минатата година

Сподели со своите пријатели

Неидентификуван балон минатата година бил забележан над морето кај островот Кјушу во југозападна Јапонија, соопшти денеска јапонската влада.

Loading...

Главниот секретар на кабинетот Хироказу Мацуно изјави на прес-конференција дека Јапонија работи со Вашингтон за да утврди дали објектот забележан во јануари 2022 година е кинески балон сличен на оној што беше соборен во саботата во близина на брегот на американската држава Јужна Каролина, откако помина над континентален дел на Соединетите Американски Држави.

Мацуно рече дека балонот бил забележан за време на редовните активности за надзор од страна на јапонската војска, но не прецизираше како вооружените сили реагирале на инцидентот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Си Џинпинг повика на дополнителни мерки за зачувување на наталитетот во Кина

Во последниот инцидент што го објави владата, балонот е откриен над морето кај Јапонија, а не во нејзиниот воздушен простор, според јапонската новинска агенција Кјодо.

Слични летечки објекти претходно беа потврдени во 2020 и 2021 година во североисточниот регион на Јапонија, соопшти претходно владата.

Пекинг тврди дека кинескиот балон соборен кај брегот на Јужна Каролина бил користен за цивилни истражувачки цели.

NBC News објави дека Вашингтон верува дека кинеските балони за надзор летале во воздушниот простор на повеќе од 40 земји.