Јапонија сериозно загрижена за заедничката активност на руската и кинеската армија

Сподели со своите пријатели

Јапонија изрази сериозна загриженост поради заедничката активност на руските и кинеските вооружени сили во близина на нејзините граници, се наведува во годишниот извештај на јапонското Министерство за надворешни работи.

Loading...

„Заедничките акции на кинеските и руските вооружени сили во близина на јапонската граница предизвикуваат сериозна загриженост за безбедноста на Јапонија“, се вели во Дипломатската сина книга објавена денеска, пренесе Тас.

Според јапонското Министерство за надворешни работи, Русија и Кина ја зајакнале воената соработка во последните години со одржување на заеднички вежби и патроли во близина на Јапонија, користејќи бомбардери и воени бродови.

Претходно, Министерството за одбрана на Русија постојано нагласуваше дека ваквите вежби и патроли се изведуваат во строга согласност со меѓународното право и дека не го нарушуваат странскиот воздушен простор, пренесува Танјуг.