Јапонија се приклучи на програмата за снабдување со оружје на Украина

Сподели со своите пријатели

Јапонија ќе учествува во НАТО за купување и испорака на оружје и друга опрема произведена во Соединетите Американски Држави со цел поддршка на Украина, при што оружјето што Јапонија ќе го набави за Украина ќе биде ограничено на „одбранбена опрема што не предизвикува смртоносна штета“.

Повикувајќи се на неколку неименувани претставници на Алијансата, јапонскиот јавен сервис НХК објавува дека првенствено станува збор за радари и панцири, пренесува Танјуг.

„Дури и несмртоносната опрема е важна поддршка за Украина, а фактот што Јапонија се приклучи на оваа рамка е важен сам по себе“, рече еден од претставниците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Таен камп откриен во Етиопија: Илјадници борци се обучуваат за војна во Судан

НАТО ја воспостави оваа рамка во јули минатата година, а до денес повеќе од 20 земји-членки, вклучувајќи ги Германија и Холандија, како и земји кои не се членки како Австралија и Нов Зеланд, го објавија своето учество и стекнаа ракети „Патриот“ и друга опрема.