Администрацијата на јапонската префектура Фукуи препорача евакуација на 64.000 луѓе поради обилните врнежи, објави денеска јапонската служба НХК.
Оваа препорака се однесува на ридските области, а свлечиштето во една од таквите области зароби 120 лица, пишува Tas s.
Обилните дождови што го погодија Фукуи достигнаа 80-100 милиметри на час.
Возовите го прекинаа сообраќајот на неколку железнички линии.

