Јапонија најави итна помош од 10 милиони долари за цивилите во Појасот Газа

Сподели со своите пријатели

Јапонија ќе обезбеди итна помош од 10 милиони долари за цивилите во Појасот Газа, изјави денеска јапонската министерка за надворешни работи Јоко Камикава.

Loading...

Јапонија во моментов претседава со организацијата Г7 на седумте најразвиени земји во светот, а Камикава истакна дека нејзината земја загрижено ја следи ситуацијата во Појасот Газа и изрази надеж дека ситуацијата ќе се смири што е можно поскоро, пренесува Ројтерс.

Откако Хамас ја нападна израелската територија на 7 октомври, при што беа убиени 1.300 Израелци, а беа земени околу 200 заложници, Израел соопшти дека ќе ја уништи палестинската милитантна организација која го контролира Појасот Газа, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонската влада одлучна: Смртната казна останува