Јапонија од 10 април ќе ги замрзне средствата на три белоруски банки, во согласност со новите санкции против таа земја поради нејзината вмешаност во рускиот напад врз Украина, соопшти денеска Министерството за финансии.
Ќе бидат потребни владини дозволи за плаќања и финансиски трансакции на три банки од Минск – Белагропромбанк, Дабрабит банка и Банката за развој на Република Белорусија – соопшти Министерството, пренесува Ројтерс.
Украина тврди: Путин планира терористички напад врз нуклеарната централа во Чернобил
Овој потег следи по потегот на Европската унија да го блокира пристапот до глобалната меѓубанкарска мрежа SWIFT.
Токио додаде уште 57 ставки на списокот за забрана на извоз во Русија, како дел од санкциите, проширувајќи го на производи чија употреба може да се пренасочи за воени цели.
ОН: Цените на храната би можеле да пораснат меѓу 8 и 20 отсто
Јапонската влада додаде 31 ставка на листата, вклучувајќи полупроводници, комуникациска опрема, сензори, радари и уреди за шифрирање, како и пакет од 26 технолошки производи, вклучувајќи софтвер.
Пратките за хуманитарни цели се исклучени од изменетата одлука за забраната за извоз, која треба да стапи на сила следниот петок.