Токио ја проширува листата на стоки и технологии чиј извоз во Русија е забранет поради ситуацијата околу Украина, соопшти денеска јапонското Министерство за економија, трговија и индустрија.
Забраната веќе е одобрена од јапонската влада и ќе стапи на сила на 20 мај, пренесува ТАСС.
Трус: Санкциите кон Русија ќе бидат укинати кога последниот руски војник ќе ја напушти Украина
Јапонија претходно воведе неколку пакети санкции кон Русија поради ситуацијата околу Украина.
Отсега, 3Д печатачи и опрема за квантно пресметување, електронски и микроскопи за атомска енергија и катализатори за рафинирање нафта не се извезуваат во Русија.
Дали е ова причината зошто Украинците толку добро се бранат?
Јапонскиот список на забранети стоки и технологии сега вклучува повеќе од 300 производи, вклучувајќи полупроводници, опрема за поморска и воздухопловна безбедност, телекомуникациска опрема, воени производи, вклучувајќи оружје, софтвер и опрема за рафинирање нафта.